Ерлинг Халанд следното лето ќе го напушти Манчестер сити?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сериозно размислува да го одбие новиот договор со Манчестер сити и да замине од „Етихад“ следното лето. Ова ги поттикнало Реал Мадрид и Пари Сен Жермен веднаш да се вклучат во трката за фантастичниот голгетер.

Иако неговиот сегашен договор со Манчестер сити има важност до 2027 година, менаџерот Пеп Гвардиола и управата на клубот се обидуваат да го убедат да ја продолжи соработката. Сепак, Халанд не покажува интерес за тоа.


Според шпанските медиуми, тој веќе го известил Гвардиола дека размислува за заминување по завршувањето на сезоната.

Халанд е задоволен од животот во Манчестер и настапите во тимот, но има амбиции за нови предизвици во кариерата и веќе следното лето би можел да ја смени средината. Доколку Манчестер сити не сака да го продаде, се шпекулира дека тој е подготвен и да издејствува трансфер од „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести