Ерлинг Халанд собори уште еден рекорд, овојпат во ЛШ (Фото)

Манчестер сити со синоќешната победа со пресврт од 3:2 над Ред Бул Лајпциг го задржа перфектниот учинок во Лигата на шампионите, а притоа Ерлинг Халанд собори уште еден рекорд.

Норвежанецот постигна еден гол на дуелот со германскиот тим, но и тој му беше доволен за да собори рекорд во Лигата на шампионите, кој го држеше играч на градскиот ривал, Манчестер јунајтед.

Имено, на Халанд за да дојде до бројката од 40 гола во елитното клупско натпреварување му беа потребни само 35 натпревари, што е за десет помалку од претходниот рекордер, Руд ван Нистелрој.

На третото место се наоѓа Килијан Мбапе, кому за да постигне 40 гола му беа потребни дури 59 гола, а веднаш зад него се Лионел Меси и Роберт Левандовски со 61 меч.

- Оглас -

Најнови вести