Ерменците со нов селектор и без повредениот Озбилис против Македонија

Ерменците набрзина избраа нов селектор, наследник на Вардан Минасјан, а против Македонија ќе ги предводи релативно анонимниот Ермен Гјулбудагјанц.

Иако имаше повеќе опции за странски селектор, сепак, челниците на Федерацијата во недостиг и на време до почетокот на квалификациските дуели со Гибралтар и Македонија, одлучија да го именуваат поранешниот селектор на младата селекција на Ерменија.

И веднаш Гјулбудагјанц се соочи со кадровски проблеми, па не го повика Арас Озбилиз. Еден од главните фактори во играта на ерменската селекција е повреден и нема да игра ниту против Гибралтар, ниту со нас.

На поширокиот список на новиот селектор ги нема ниту „интернационалците“ од Јужна Америка, Монрој и Бријаско.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести