Ернандез испиша историја, Милан до лесни три бода против Венеција

Тео Ернандез со својот историски настап го предводеше Милан до победа над Венеција од 2:0 во рамките на петтото коло од италијанската Серија А.

Дефанзивецот е првиот играч кој успеал да постигне гол и да асистира од 2000 година, па наваму.

Тео асистираше кон Брахим Дијаз во 68-мата минута, а потоа во 82-рата реализираше успешно, со што практично му ги донесе трите бода на својот тим.

Сега Милан се искачи на делба на првата позиција, каде што имаат 13 бода со големиот градски ривал Интер, но Наполи ќе го има „главниот“ збор бидејќи ако дојде барем до бод утре против Сампдорија, ќе го заземе лидерското место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести