Ернесто Валверде дури на заминување конечно се насмеа

Ернесто Валверде му посака среќа на колегата и негов наследник, Кике Сетиен, на позицијата прв тренер на Барселона, а интересна забелешка на шпанските новинари е дека конечно и Валверде се насмеа, и тоа дури откако доби отказ.

Валверде е познат како човек кој ретко се смее, а при заминувањето од „Камп Ноу“, покажа и таков израз на лицето, иако сигурно не му било лесно што е првиот стратег после 17 години кој бил сменет од кормилото во каталонскиот клуб. Тој им се заблагодари на фудбалерите на чело со Лионел Меси за поддршката и освоените трофеи.

„Имав интензивни две и пол години во Барселона. Имавме многу среќни моменти, заеднички победи, освоени трофеи, но имаше и тешки моменти. Благодарам до раководството што му даде можност да го водам овој тим, благодарност се разбира и до играчите кои со својот напор ни овозможија да освоиме четири трофеи. Им ја посакувам целата среќа на овој свет, се најдобро и на новиот тренер Сетиен. Да живее Барса, да живее Каталонија“ – напиша баскиецот Валверде во прошталното писмо.

- Оглас -

Најнови вести