Ете го моментот: Зошто Гачевски го бркаше детето што додава топки во Тетово (Видео)

Шкендија со 1:0 го победи Вардар во Тетово и со вкупни 3:2 се најде во следната фаза од Купот на Македонија. Агим Ибраими го даде погодокот за победа на тетовци во 74-тата минута, а мечот малку фалеше да има и инцидент. Пред самиот крај, во една ситуација кога топката беше надвор од теренот, едно од децата кои треба да ја додадат топката до голманот реши да задржува време и да не му ја додаде топката на голманот на Вардар, Филип Гачевски.

Кога Гачевски тргна сам да ја земе топката, детето силно ја шутна на друга страна, а не кон голманот. Тоа го налути капитенот на Вардар и се стрча кон детето, но набрзо застана иако беше револтиран од неспортскиот потег на детето.

- Оглас -

Најнови вести