Ето: Анри беше добар, ама не беше на мое ниво, послаб беше и од Анелка

Еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата, Самуел Ето, кој сега е претседател на фудбалската федерација на Камерун, даде интересна изјава во која го потцени својот некогашен соиграч на Барселона, Тјери Анри.

Според Ето, Анри бил добар, но не толку добар како него или Николас Анелка.

„Анри не беше на нивото на Анелка. Добар беше, но јас преферирам друг тип на играчи. Не мислам дека Анри беше и на моето ниво“ – изјави Ето, кој беше запрашан и за Ел Хаџи Диуф, а за Сенегалецот рече дека ни приближно не бил добар како Анри, па да може да ги смести во иста категорија.

Анри е прв стрелец во историјата на Арсенал со 228 погодоци, а Ето кој даде 130 гола на 199 меча за Барселона, е познат по тоа што во 2009 и 2010 освојуваше тројни круни, прво со Барса, после со Интер.

- Оглас -

Најнови вести