Еторе Месина и официјално нов тренер на Милано

Еторе Месина официјално е назначен за нов тренер на Олимпија Милано. Италијанецот се враќа во родната земја по пет години соработка со Грег Попович во таборот на Сан Антонио спарс, каде што му беше десна рака. Месина на клупата го смени Симоне Пјаниџани, кој во две сезони го предводеше тимот до шампионска титула во Италија и до два Суперкупа.

Месина не само што ќе го предводи тимот, туку ќе биде задолжен и за засилувања во миланскиот клуб, а потпиша тригодишен договор со опција да се продолжи на уште две години.

Четирикратниот европски првак на Стариот Континент последен пат работеше како тренер на ЦСКА Москва по вторпат, пред да се пресели во Тексас, а две години беше селектор и на италијанската репрезентација. Покрај Армејците, со кои освои две шампионски титули во првиот мандат, Месина ги предводеше Виртус Болоња (x2), Бенетон Тревизо и Реал Мадрид, а во 2012 година беше и консултант во ЛА лејкерс.

https://twitter.com/OlimpiaMI1936/status/1138472568439103491

 

- Оглас -

Најнови вести