Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва од 18.45 часот во дотераната сала „Боро Чурлески“ во Битола го игра својот прв меч од Лигата на шампионите по пауза од 18 години, а ривал му е норвешкиот Колстад, кој е дебитант во елитното натпреварување.
Квотите во Sport Life го фаворизираат гостинскиот состав во чии редови прва ѕвезда е Сандер Сагосен. Во понудата на Sport Life има и опција да се обложите на број на голови на шест поединци кои ќе настапат на овој меч.
Тренерот Александар Јовиќ истакна дека тимот е подготвен за предизвикот.
„Колстад е екстра квалитетна екипа која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад игра динамична игра и мислам дека ќе биде задоволство да се натпреваруваме со нив. Се спремавме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Извлековме многу поуки, анализиравме детали каде грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите“, вели Јовиќ.