Еурофарм Пелистер се засили со руски репрезентативец!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја извести јавноста дека потпишал договор со Денис Василев, кој е еден од најреспектабилните кружни напаѓачи во Европа.

Василев, кој има 28 години, е руски репрезентативец, а во Битола ќе дојде на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година.

Василев е висок 196 сантиметри, има 95 килограми и е дете е на Динамо Астрахан, а го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, по што една сезона мина во француски Шартр. Оваа сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.

На последното Светско првенство во Египет постигна девет погодоци.
- Оглас -

Најнови вести