Еурофарм Пелистер си најде топ-голман за следната езона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се пофали дека постигнал договор со словенечкиот голман Урбан Лесјак.

Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на битолскиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за којшто настапуваше од 2010 до 2018 година.

Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.
Официјалното претставување на Лесјак во Битола е предвидено пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.
- Оглас -

Најнови вести