Еурофарм Пелистер си заврши голема работа, 19-годишниот талент останува во Битола до 2026 година

Еурофарм Пелистер објави дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во Македонија, Павле Атанасијевиќ.

Бекот, кој има 19 години, го продолжи договорот со битолчани до 2026, со што е остварена целта на Еурофарм Пелистер да го задржи Атанасијавиќ во своите редови.

„РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. Деветнаесетгодишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер.
Новиот договор е со важност до јуни 2026 година. Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство“, објавија битолчани.
- Оглас -

Најнови вести