Еве доказ за кого навиваше Меси во Суперкласико (Видео)

Лионел Меси воопшто не се израдува кога Бока јуниорс го постигна водечкиот гол и од тоа индиректно може да се извлече заклучок дека навивал за Ривер плејт. Камерите го фатија Меси во ложата во моментот кога Дарио Бенедето ѝ донесе предност на Бока, а славниот фудбалер на Барселона имаше многу студена реакција, воопшто не се израдува, туку делуваше шокирано.

За жал, засега нема снимка каква беше реакцијата на Меси при головите на шампионот Ривер плејт и дали тогаш покажа емоции и некаква радост.

Погледнете го однесувањето на Лео при голот на Бока:

https://www.youtube.com/watch?v=Uy22PPJPPLI

- Оглас -

Најнови вести