Еве како играше Осман на ол-стар со патика со македонско знаме (Видео)

Џеди Осман за 15 минути имаше 2 поени, три скока, четири асистенции и две украдени топки на ол-стар натпреварот Ѕвезди во подем, но играчот на Кливленд кавалирс го привлече вниманието на македонската јавност со тоа што на овој ревијален меч помеѓу младите НБА играчи од САД против остатокот од светот, играше со патики со турското и македонското знаме.

Осман е роден во Охрид, а потоа семејството се пресели во Сараево, од каде замина во Истанбул, па тој кошаркарската кариера ја градеше во Анадолу Ефес. Осман одбра да игра за репрезентацијата на Турција, а неговиот брат Џанер, играше за младинските селекции на Македонија.

Џанер го гледаше ол-стар настапот на брат му во Шарлот, па не ја испуштија приликата да се фотографираат со турското знаме.

Иако е Турчин, сепак Џеди не заборава каде е роден, секое лето доаѓа во Охрид на посета кај роднините, и затоа одлучи на овој голем настан на левата патика да го има македонското знаме.

Еве ги најинтересните моменти од настапот на Осман на мечот на кој настапија дебитантите и играчите кои втора сезона се во НБА:

- Оглас -

Најнови вести