Еве ти и 10 милиони евра плата, само остани

И покрај пандемијата со Корона-вирусот која направи огромна финансиска штета на фудбалските клубови, интересот за Џејдон Санчо не се намалува. Затоа Дортмунд планира да му понуди плата од 10 милиони евра годишно со цел Англичанецот да остане на „Сигнал Идуна парк“.

Доколку прифати да остане, Санчо би бил меѓу најплатените играчи во тимот, а со 210.000 евра неделна плата капитенот Марко Ројс е најплатен. Санчо би заработувал нешто помалку од капитенот, но ако се земе во предвид учинокот на брзоногиот офанзивец заслужува да биде во тоа друштво.

Моментално неделната плата на Санчо изнесува 38.000 евра, а актуелниот договор му важи до јуни 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести