Еве зошто Македонија бараше Ѓоковиќ да игра за нашата репрезентација (Видео)

Клуж во фантастичен меч го победи Селтик на гости со 4:3 и ќе игра во финалето против Славија Прага за пласман во Лигата на шампионите, а потегот на реваншот го делат двајцата играчи на гостите, Дамјан Ѓоковиќ и Георге Цукудеан.

Ѓоковиќ, кој требаше да игра за Македонија, но не доби дозвола од ФИФА, со феноменална асистенција ја префрли топката преку себе до осамениот Цукудеан, а еден од најдобрите стрелци во Романија ладнокрвно со лоб го префрли голманот на Селтик и ја запечати големата и сензационална победа на Клуж на „Селтик парк“.

https://www.youtube.com/watch?v=1BDtdEWWl1E

Ѓоковиќ е роден во Загреб, но има македонски корени преку еден од своите родители. Прифати да игра за нашата репрезентација, но ФИФА не даде зелено светло, па обидот на нашата Федерација да се приклучи еден одличен играч за врска не успеа.

https://www.youtube.com/watch?v=ir2lp1AoJB0

 

- Оглас -

Најнови вести