Еве зошто „Месталја“ е култно место? Се мереа децибели, навивачите на Валенсија приредија невиден спектакл (Видео)

Невиден спектакл приредија навивачите на Валенсија при пристигнувањето на автобусот на нивните фудбалски миленици на култната „Месталја“ вечерва, пред почетокот на мечот со Атлетик Билбао во полуфиналето на Копа дел Реј.

Илјадници симпатизери на домашниот тим пристигнаа пред стадионот за да им дадат подршка на своите миленици да победат во реваншот и да се пласираат во финалето на шпанскиот куп.

Валенсија има одличен резултат, 1:1 по првиот меч во Билбао, а реваншот е во тек и почна од 21.30 часот.

Стадионот „Месталја“ важи за култно место во светот на фудбалот, а навивачите на Валенсија се познати како едни од најверните и најбучни симпатизери на планетата.

 

- Оглас -

Најнови вести