Евертон гази сè пред себе, и со одземени 10 бода не е во опасната зона

Евертон го победи Барнли со 2-0 и сега Карамелите од Ливерпул имаат четири победи по ред во Премиер лигата, сите четири без примен гол, а имаат и пет победи во последните шест кола.

Оваа феноменална серија на Евертон го остави тимот во долниот дел на табелата, но само затоа што имаат минус 10 бодови. Побегнаа од опасната зона и во моментов не се загрозени од испаѓање. Да не ги казнеа и да не им одземеа, ќе беа осми, со само бод помалку од Манчестер јунајтед.

Инаку, ако не се сметаат пеналите, Евертон е тим со најмногу постигнати голови во Премиер лигата сезонава од прекини (после корнери и слободни удари)

- Оглас -

Најнови вести