Евертон готви изненадување: Ковач е на „Гудисон парк“

Марко Силва не го преживеа потопот од Ливерпул, Еветон му врачи отказ и сега на клупата привремено стои Данкан Фергусон. Шкотлаѓанецот моментално ги предводи Карамелите во дуелот против Челзи, каде по 45 минути резултатот е 1-0 во корист на домаќините.

Непосредно пред почетокот на мечот, меѓу гужвата пред „Гудисон парк“ е забележан екстренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач. Една фотографија е доволна да запали шпекулации дека Хрватот би можел да биде новиот стратег на Евертон, а мечот против Челзи е добар начин да донесе одлука дали да го прифати предизвикот.

- Оглас -

Најнови вести