Евертон има играчиште, ама изгледа не се свесни (Видео)

Доминик Калверт-Левин, фудбалерот на Евертон, на еден тренинг покажа дел од своите вештини со топката. Тој одлично ја сврте топката и иако беше зад голчето, топката влезе во мрежата. Калверт-Левин само се насмеа задоволен што го снимаа и што сега може цел свет да види што направи.

Калверт-Левин има дадено три гола на осум меча сезонава, со шанси за својата најуспешна сезона во кариерата бидејќи досега најмногу што погодил во сезона му биле 6 погодоци. Евертон во десет кола има само 10 постигнати погодоци, па затоа е во долниот дел на премиерлигашката табела и има 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести