Евертон има нов тренер, легенда кој се изнадава голови со глава

Данкан Фергусон е нов тренер на Евертон. По одлуката за разделба со Рафаел Бенитес, Карамелите решија да му дадат доверба на легендарниот шкотски напаѓач висок 193 сантиметри, кој додека беше играч, даваше многу голови со глава.

Фергусон во дресот на Евертон одигра 239 меча и даде 58 гола. Пред 16 години ја заврши играчката кариера, а ова му е втор тренерски ангажман, откако и во 2019 година кратко беше привремен тренер на Евертон и освои пет бода на три тешки мечеви.

Фергусон веќе го одржа првиот тренинг со екипата која е 16-та на табелата во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести