Евертон ќе организира контролка за да му помогне на Гомеш

По утрешната пресметка против Кристал палас, Евертон ќе има десетина дена одмор во кој ќе може да се реорганизира за остатокот од сезоната. На премиерлигашите им е забрането да организираат пријателски средби за време на паузата, но може да се одиграат контролки од затворен тип.

Менаџерот Карло Ангчелоти потврди дека ќе се организира контролка со цел да му се даде шанса на закрепнатиот Андре Гомеш да се врати во натпреварувачки погон. Португалскиот играч за врска е вон клупски обврски од ноември минатата година кога се здоби со повредата на зглобот во дуелот против Тотенхем.

Му се предвидуваше долга пауза, но импресивно е неговото закрепнување за околу три месеци, по што веќе се приклучи на тимските тренинзи. Со учеството во пријателската средба за која допрва треба да се одреди противник, Гомеш ќе може да се подготвува за дуелот против Арсенал, кој е предвиден по паузата на Карамелите.

- Оглас -

Најнови вести