Евертон на нерегуларен начин украде бод од „Олд трафорд“?! (видео)

Евертон го изненади Манчетер јунајтед и остана непоразен при конечни 1-1 на средбата на „Олд трафорд“. Карамелите беа во резултатска предност во голем дел од дуелот благодарение на автоголот на Виктор Линделоф, пред израмнувачкиот погодок на младиот Гринвуд во финишот од мечот.

Црвените ѓаволи и во 12-от лигашки натпревар во низа не успеаја да ја сочуваат мрежата, шведскиот дефанзивец не можеше навремено да реагира по мешаницата во шестнаесетникот, топката се одби од него за 0-1 во корист на гостите од Ливерпул.

Сепак, спорната ситуација за која се дискутира е клучниот момент пред да дојде топката до Линделоф. Имено, Јери Мина влезе во воздушен контакт со Де Хеа при обид да се стигне топката, по што шпанскиот голман целосно ја промаши. Судиите, а и ВАР-собата не го забележа тој момент, па Евертон со тој гол успеа да си замине со бод од „Театарот на соништата“. Ситуацијата можете да ја видите на следниот ЛИНК.

Се играше 78-та минута кога џокерот на Солскјер тинејџерот Гринвуд, ја анулираше предноста на Евертон. Младиот англиски голгетер влезе во игра десетина минути пред да го постигне голот со кој ги спаси Ѓаволите од пораз пред домашна публика.

Јан Вертонген ја донесе седмата победа за Тотенхем, откако белгискиот дефанзивец стрелаше во судиското надополнување за конечни 1-2 на гостувањето кај Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести