Евертон нема време за славење, веќе го направи првиот трансфер во 2022 година (Фото)

Премиерлигашот Евертон работно ја почна Новата година и е првиот англиски клуб што се засили во 2022 година.

Карамелите го финализираа трансферот на еден од најмладите украински репрезентативци, 22-годишниот Виталиј Миколенко од Динамо Киев. Миколенко потпиша договор ос клубот од Ливерпул со јуни 2026 година.

https://twitter.com/Everton/status/1477218189423611906?s=20

Миколенко е лев бек и досега во кариерата играше само за Динамо Киев, кој му е и матичен клуб.

Од 2018 година е и репрезентативец на Украина и досега има 21 настап за својата земја.

 

- Оглас -

Најнови вести