Евертон оживеа, помогна аматерската одбрана на Челзи (видео)

Евертон го отпушти Марко Силва, па веднаш им тргнаа работите кон подобро. На „Гудисон парк“ падна тимот на Челзи со сигурни 3-1, па така Карамелите направија чекор напред кон излегување од амбисот во кој се наоѓаа.

Домаќините рано поведоа преку Ричарлисон, неговиот гол ја направи разликата во првите 45 минути. Калверт-Луин веќе по четири минути игра во вториот дел ја затресе мрежата на Кепа, за веќе во следниот напад гостите од Лондон да се вратат во игра преку Ковачиќ.

Сепак, наместо израмнување, екипата на Френк Лампард направи кардинална грешка во 84-тата минута која Евертон ја искористи и поведе со 3-1, а Калверт-Луин по вторпат се запиша во листата стрелци.

https://twitter.com/ComedianBashir/status/1203318363579207680

- Оглас -

Најнови вести