Евертон со бодови што може живот да значат, Њукасл испратен со три парчиња од “Гудисон парк“ (Видео)

Екипата на Евертон забележа убедлива победа од 3-0 над Њукасл на домашен терен и конечно излезе над цртата која значи испаѓање од Премиер лигата. Со оваа победа, “карамелите“ дојдоа до 10 бодови, иако според резултатите треба да имаат 22, но поради казната од -12 поени, сега ќе се борат за опстанок.

Сите три погодоци на мечот беа постигнати во самиот финиш. Резултатот го отвори Мекнил во 79-тата минута, а во 86-тата минута Дукуре зголеми на 2-0. Конечните 3-0 беа дело на Бето во 96-тата минута.

Њукасл останува на седмата позиција со 26 бодови, четири помалку од четвртопласираниот Манчестер сити, односно од позицијата која носи пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести