Евертон со победа го покри срамот со чорапата на Сидибе (Видео)

Евертон чекор по чекор се доближува до позициите кои водат во Европа, попладнево со 3-1 го совлада Кристал Палас. Откако Карло Анчелоти седна на клупата на Карамелите, само Ливерпул има освоено повеќе бодови од Евертон.

Бразилецот Ришарлисон има девет гола сезонава, од кои седум беа за водство на Евертон.

Палас со просек од 30 години и 101 ден, го имаше најстариот почетен состав во историјата на Премиерлигата, а го имаат и највозрасниот тренер во најсилното натпреварување во Англија, Рој Хоџсон. Досега ниеден тим со просек на играчи од над 30 години, а имало 17 такви во Премиерлигата, не успеал да победи.

Кристал Палас на десет меча по ред прима гол. Стрелец за нив беше Кристијан Бентеке, кој немаше погодено од 21 април. Од последните 1.426 минути во Премиер, до денеска тој имаше само еден гол. Тој имаше уште една чиста шанса за гол, но Џордан Пикфорд среќно одбрани и се извади за киксот при примениот гол.

Најинтересен момент се случи во 29-тата минута кога после повредата на Тео Волкот, во игра требаше да влезе Џибрил Сидибе. Но, тој заборави да облече чорап на левата нога, па трчаше во соблекувална за да облече чорап, па потоа да влезе на терен. На Анчелоти не му се допадна оваа несериозност на неговиот фудбалер, полуде од нервоза, но на крај Евертон победи, па веројатно ќе му прости на Сидибе.

https://twitter.com/i/status/1226129935384924160

- Оглас -

Најнови вести