Евра: Алекс Фергусон само еднаш го видов да вреска од радост по победа

Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, францускиот лев бек Патрис Евра, по доаѓањето во Јунајтед во 2006 година од Монако, таму остана осум сезони и вели дека во тие осум години само еднаш го видел менаџерот сер Алекс Фергусон да се радува повеќе од вообичаеното.

Шкотскиот стручњак беше познат по тоа што ретко ги покажуваше емоциите, а со Јунајтед освои сè што можеше. Евра можеше да се сети само на еден случај кога популарниот Ферги испуштил вресок по победа.

„Дешамп ме научи да победувам, но Фергусон ме научи дека победите се нормална работа. Победите и освојувањето на лигата за него беа нешто нормално. Се сеќавам по една голема победа над Ливерпул, тој само ме пофали и ми рече дека сум бил добар. Никогаш не покажуваше емоции, освен еднаш, кога сите бевме изненадени. Тоа беше по финалето во Лигата на шампионите во 2008, кога го победивме Челзи. Ние славевме во соблекувална, а тој влезе и врескаше од среќа, нешто што е нормално за таков меч“, вели Евра.

- Оглас -

Најнови вести