Евролигата е луда како и секогаш, Олимпијакос водеше со 20 разлика и загуби од Лион (Видео)

Евролигата стандардно од сезона во сезона нуди одлични натпревари и невидени пресврти и драми, а токму сите тие елементи вечерва ги имаше мечот во Лион, каде што Асвел го победи Олимпијакос со 77:75.

Грчкиот тим имаше комотна предност од 20 поени разлика, 42:22 во текот на втората четвртина и се чинеше дека ќе го декласираат домаќинот.

Но, оттогаш тргна пресвртот на кошаркарите на Асвел, кои дури стигнаа и до предност од 74:73 на една и пол минута до крајот на мечот.

Грците беа прецизни во следниот напад, но францускиот тим го имаше завршниот удар со прецизна тројка на една стотинка до крајот на мечот за голема победа и пресврт против фаворитот Олимпијакос.

Кошаркарот на Лион, Нандо де Коло, вечерва ја мина границата од 4.000 поени во Евролигата и е само третиот кошаркар со таков подвиг.

Во вториот меч вечерва Баерн ја победи Валенсија со 97:92.

Претходно Армани Милано ја победи Црвена ѕвезда во Белград, а Жалгирис го урна Кралот, Реал Мадрид во Каунас.

- Оглас -

Најнови вести