Евролигата ќе добие нов шампион, на Атаман тешко му падна елиминацијата и предвреме го напушти туркото дерби (Видео)

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, испадна од трката за пласман во плејофот во Евролигата откако вечерва загуби од градскиот ривал Фенербахче со 103:86.

Турското дерби до одбележа тренерот на Анадолу Ефес на кого тешко му падна елиминацијата од плејофот и предвреме го напушти теренот.

https://twitter.com/i/status/1644062318676922392

На 36 секунди до крајот на мечот при предност од 15 поени разлика за Фенербахче, Атаман револтиран од потегот на противничкиот тренер Димитрис Итудис да бара неспортска лична грешка за играч на Анадолу, се поздрави со колегата и го напушти теренот.

Но, тоа не беше сè бидејќи еден од играчите од клупата на Фенербахче му дофрли нешто на Клајбурн тргна физички да се пресмета. Но, беше запрен од играчите и тренерите на Фенербахче по што замина во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести