Европа ги надитри Англичаните, Клоп и Покетино бараат брза корекција на утката

Англичаните повторно ќе размислат за идејата да го следат остатокот од Европа и да имаат ист термин за летни трансфери како што е сега во посилните лиги на Стариот Континент, до почетокот на септември.

Нова средба на главните фактори кои одлучуваат ќе има на 12 септември, а планот е да се обидат да ја коригираат грешката од пред две години, кога беше донесена одлука на Островот летниот преоден рок да трае до почетокот на новата сезона. Сезонава летниот трансфер-пазар на Островот заврши на полноќ на 9 август, а во останатите европски првенства рокот беше до вчера на полноќ.

„Мислам дека Премиер лигата не смее да си дозволи луксуз да им дава предност на европските клубови. Ни прават неред во составите бидејќи имаат дополнителни 20-тина дена за да ангажираат играчи кога за англиските клубови преодниот рок е завршен“, вели Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем.

Идентичен став има и Јирген Клоп, менаџерот на англсикиот вицешампион и актуелен европски првак.

„Не ми е грижа кога ќе се затвори трансфер-пазарот, но мора да биде во ист рок како и во сите останати европски лиги. Добра идеја е да има летни трансфери до почетокот на новата сезона, но кај сите, не само во Англија. Идејата беше добра, но во реалноста губат англиските екипи и тоа треба да се промени“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести