Македонско дерби во Лигата на Европа – Алиоски против Тричковски, Барди ќе игра на „Маракана“ против Црвена ѕвезда

Лигата на Европа има интересни групи во првата фаза на натпреварувањето што беа одредени денеска со ждрепка во Истанбул.

Интересно дерби ќе има меѓу Езџан Алиоски и Иван Тичковски бидејќи Фенербахче и АЕК Ларнака се во истата Б група со Динамо Киев и Рен.

Интересна е и групата на Енис Барди со Трабзонспор, а нашиот репрезнтативец ќе гостува на популарната „Маракана“ кај Црвена ѕвезда, а ќе игра и со Монако и Ференцварош во Х групата.

Еве го составот на сите групи во Лигата на Европа:

Група А – Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт, Цирих

Група Б – Динамо Киев, Рен, Фенербахче, АЕК Ларнака

Група Ц – Рома, Лудогорец, Бетис, Хелсинки

Група Д – Брага, Малме, Унион Берлин, Унион Сен Жилоа

Група Е – Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад, Шериф, Омонија

Група Ф – Лацио, Феенорд, Митјиланд, Штурм

Група Г – Олимпијакос, Карабах, Фрајбург, Нант

Група Х – Црвена ѕвезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор

Финалето во Лигата на Европа е на 31 мај на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести