Европски шлагер во Минхен, Баерн и Атлетико се песна за голови

6010 Салцбург – Локомотив Москва (Лига на шампиони, 18.55 часот)

Двете екипи ги имаат речиси комплетните состави на располагање, а мал хендикеп ќе имаат гостите од Москва со неиграњето на бекот Владислав Игнатјев. Сите останати играчи и кај Салцбург и кај Локомотив се орни за настап на премиерата за двата клуба во новото издание на Лигата на шампионите.

Биковите се етаблираа во Европа и постојано напредуваат, а познато е дека играат многу атрактивен фудбал. На последните 8 меча постигнаа неверојатни 35 гола, што потврдува дека инсистираат на офанзива, што е препознатлив стил за нив.

Локомотив, сосема спротивно, во последно време тешко дава голови, па на последните шест меча што ги одиграа во руското првенство, вкупно имаше шест гола, сметајќи ги и погодоците на ривалите.

Салцбург има поквалитетен тим и во судир на две различни концепции, ќе му дадеме предност.

Предлог тип: 1(1.52)

 

6012 Баерн Минхен – Атлетико Мадрид (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Шлагерот на вториот ден од премиерното коло во Лигата на шампионите ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен. Дербито од А групата се очекува со нетрпение бидејќи се работи за две исклучително квалитетни екипи, кои стандардно се меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампионите.

Актуелниот првак Баерн игра феноменално во континуитет, иако поразот од Хофенхајм ги здрма, а беше убедлив со 4:1. Левандовски продолжува немилосрдно да ги тресе мрежите, а и буквално како што играат Баварците, од сите страни им се заканува опасност на ривалите.

Проблем за Ханси Флик е што нема да игра Серж Гнабри, кој е во топ-форма, но има позитивен тест на корона-вирус. И Лерој Сане е повреден, но Баварците имаат многу квалитетни замени, па отсуството на двајцата офанзивци може да се компензира.

Атлетико има малку поголеми проблеми бидејќи нема да игра Коста, а неизвесен е настапот на Хименес, Лоди и на Нигез, што е голем хендикеп ако сите овие играчи на настапат денеска.

Баерн е фаворит, а ќе типуваме дека ќе има доста голови во Минхен.

Предлог тип. ГГ&3+ (2.02)

 

6015 Митјиланд – Аталанта (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Финишот со кој Митјиланд ја елиминираше фаворизираната Славија Прага во финалето на плејофот во квалификациите сè уште се памети. Со три гола во последните десеттина минути, Данците имаа пеколен финиш и за првпат ќе играат во Лигата на шампионите.

Во група со Аталанта, Ајакс и Ливерпул, избраниците на Брајан Приске се тотални аутсајдери, но тоа на некој начин ќе им биде предност. Немаат што да загубат во дуелите со два клуба што биле европски прваци и со забревтаната Аталанта, па ќе играат порелаксирано.

Аталанта во ланското издание на ЛШ пропушти златна шанса за полуфинале со два примени гола против ПСЖ во последните моменти од мечот.

Дебаклот од Наполи со 4:1 во последното коло е предупредување за тимот од Бергамо, но Аталанта е многу поквалитетна екипа од Митјиланд и ќе победи.

Предлог тип: 2 (1.57)

 

6011 Ајакс – Ливерпул (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Јирген Клоп неочекувано има многу проблеми на стартот од новата сезона, по блескавиот настап лани во Премиер лигата. Повредени се Вирџил ван Дајк, Алисон, Окслејд-Чембрлен, Алкантара и Матип, а нема да игра и Кејта, што е осетен хендикеп за прекланскиот европски првак.

Проблемите на Ајакс се одамна познати, расадникот за таленти постојано ги продава најдобрите играчи, па повторно гради тим што ќе воодушевува со препознатливиот офанзивен стил.

Си заминаа Зијех, Ван ден Бек, Дест, претходно и Де Лихт, но постојано во Амстердам растат некои нови екстра талентирани „клинци“, што за некоја година ќе бидат цел на гигантите.

Ајакс игра во холандски стил, офанзивно за гол повеќе, а и Ливерпул има екстра офанзивци, па со сите проблеми што ги имаат и двете екипи, се очекува ефикасен меч на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.65)

 

6013 Интер – Борусија Менхенгладбах (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Интер и Борусија ќе имаат интересна средба во европските купови по пауза од 41 година, а играа меѓу себе во некогашниот Куп на УЕФА, сега преименуван во Лига на Европа.

Борусија тогаш беше поуспешна и во драматичен двомеч го елиминира италијанскиот тим по продолженија. И двете екипи имаат одлично реноме во Европа и освојувале трофеи.

Интер има по три титули во Купот на европските шампиони, или во Лигата на шампионите и во УЕФА купот или во Лигата на Европа, а Борусија двапати го освојуваше пехарот во УЕФА купот или во Лигата на Европа.

Антонио Конте има интересна авантура во Милано, а Интер спротивно од сите очекувања, особено и познавајќи го тренерот, игра напаѓачки фудбал.

На спротивната страна е уште еден одличен стратег, Марко Розе, кој ги постави темелите на атрактивниот тим на Салцбург, па се пресели во Менхенгладбах.

Двете екипи играат офанзивно и ќе типуваме на голови.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

Квоти на денот на Sport Life

Реал Мадрид – Шахтар Т1 1+&T1 3+ (2.25)

Интер – Борусија Менхенгладбах 1Х&3+ (1.95)

Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 1-3I&1-3II (1.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести