Европскиот првак е конкуренција на ПСЖ: Абрамович тргна по Меси

Лионел Меси од 1 јули е слободен играч, а од вчера и дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Барселона, по што се вклучи алармот кај најбогатите европски клубови.

Манчестер сити и Пеп Гвардиола се откажаа од Меси поради што потрошија 100 милиони фунти за Џек Грилиш, ПСЖ до неодамна беше единствен гигант и наводно почнати се преговори со Аргентинецот околу потенцијален ангажман, но Светците добија конкуренција ни помалку ни повеќе, туку од актуелниот европски шампион Челзи.

Неколку шпански медиуми информираат дека Роман Абрамович, рускиот сопственик на Сините, наводно се обидува да договори лична средба со Меси и да ги слушне неговите барања. Во зависност од условите на легендата на Барселона, Абрамович ќе даде зелено светло за да се подготват документите за ангажман.

Челзи покрај ПСЖ е клубот кој финансиски може да ги дозволи услугите на Меси бидејќи засега мирува на трансфер пазарот. Треба да се потенцира дека ова не е прв обид на лондонскиот гигант да си ја проба среќата и да го натера Меси да ја задолжи сината униформа. Во 2014 година и Мурињо сакаше да го види Меси во својот тим, но обидот да се оствари зделка пропадна, а дали ќе се повтори историјата, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести