Европскиот првак има мака – Примија гол за 100 секунди, навивачите на Лутон им пеат сеирџиска песна (Видео)

Лутон го нападна Челзи и успеа да постигне гол за 100 секунди во осминафиналето во ФА купот на Англија, со што ги зголеми маките на европскиот првак, кој е на продажба.

Навивачите на Лутон имаа многу причини за радост кога во втората минута Рис Бурк погоди со глава, а претходно ги дочекаа гостите од Лондон со сеирџиска песна.

„Не вредите ништо, до сабајле ќе ве продадат“ беше песната со која симпатизерите на Лутон ги дочекаа гостите од Лондон.

Во осминафиналето на ФА купот се игра само еден меч, а по половина час игра резултатот е 1:1, откако Саул Нигес успеа да израмни со гол во 27. минута.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович најави дека ќе го продаде клубот, откако му беше забранте влез во Англија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести