Европскиот првак може комотно да оди на одмор, виси мечот и со Пик Сегед?

Вардар го прескокна дуелот со Елверум што требаше да се игра викендов по одлуката на ЕХФ да не ризикува со ковид-19, а сега е можно актуелниот европски првак повторно да паузира.

Во четврток „црвено-црните“ треба да играат во Унгарија против Пик Сегед, но таму има вистинска пандемија со корона-вирус.

Во таборот на Пик Сегед има седуммина со позитивен тест на ковид-19, што сериозно го загрозува и одржувањето на мечот од третото коло во А групата во Лигата на шампионите.

Сè уште се чека одлука, најверојатно пак ќе треба да пресече ЕХФ, а ако нема одложување, натпреварот ќе се игра во четврток, во Сегед, од 18.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести