Европскиот првак нема толку лесно да го освои петтиот трофеј во 2020

(1881) Баерн Минхен – Борусија Дортмунд (20:30ч)

Баварците целат на одмазда за поразот од 0-2 во минатосезонското издание на германскиот Суперкуп. Дортмунд како актуелен бранител на ова натпреварување, ќе сака да освои пехар на стартот од новата сезона, која во Германија веќе е почната.

Двете екипи ќе влезат со хендикеп во пресметката која ќе се одвива на „Алијанц арената“. Фавр нема да смета на клучните Санчо и голманот Бурки, додека пак Лерој Сане, новото засилување на Баерн, има проблеми со коленото и е надвор од комбинација за вечерва.

Актуелниот германски и европски првак е ранлив по поразот во последното коло од Бундеслигата, во кое Хофенхајм славеше со големи 4-1 и стави крај на неверојатната низа на тимот на Ханси Флик, па сето тоа може да биде искористено од страна на Дортмунд. Инаку, последните две меѓусебни средби Баерн ги доби без примен гол и славеше со 4-0 и 1-0.

Предлог тип: 1+I & 2+II (1.90)

 

(6706) Салцбург – Макаби Тел Авив (21ч)

Салцбург веќе се гледа како учесник во групната фаза од Лигата на шампионите по гостинската победа од 2-1 во Тел Авив. Со двата погодоци, австрискиот првак речиси ја заврши работата, па вечерва дуелот може да се нарече како формален бидејќи на Макаби не му се даваат шанси за сензација.

Убаво ќе биде за Салцбург да ја продолжи победничката низа иако нема потреба да троши сили за тоа и воедно да го одржи високиот просек на погодоци.

Предлог тип: Т1 3-5 гола (1.83)

 

(3003) Лацио – Аталанта (20:45ч)

Не се очекува ништо помалку од спектакуларно дерби на „Олимпико стадионот“, каде што Аталанта нема загубено на последните три гостувања. Двете екипи тргнаа со сигурни победи во новата сезона од Серија А и, нормално, целта им е да продолжат со максимален учинок.

Лацијалите во своите мисли го имаат само зборот реванш, откако Божицата во јуни годинава триумфираше со 3-2 во последниот меѓусебен дуел. Неспорен е напаѓачкиот потенцијал на двете екипи, Златната копачка Чиро Имобиле ќе биде најголема закана за Аталанта, додека пак гостите од Бергамо се опасни од повеќе позиции.

Предлог тип: ГГ & 2> (2.95)

 

(1303) Уеска – Атлетико Мадрид (19ч)

Реткост е да се види како Атлетико Мадрид шестпати во еден меч се радува на гол, но тоа може да стане навика за Јорганџиите откако го добија луис Суарес, кој е еден од најдобрите напаѓачи во изминатава деценија. Ексѕвездата на Барселона со два гола и асистенција дебитираше за новиот клуб, а вечерва би требало да почне од првата минута и да продолжи со полнење на мрежите.

Уеска на двапати загуби со резултат 3-0 во меѓусебните дуели против Атлетико во сезоната 2018/19. Новиот прволигаш по три кола освои само два бода во Ла Лига, а и по овој меч ќе трага за првата победа.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.80)

 

(1103) Брајтон – Манчестер јунајтед (20:45ч)

Само четири дена поминаа од драмата на „Амекс стадионот“ во која Јунајтед победи со 3-2 против Брајтон, со погодок од пенал по крајот на средбата. Звучи неверојатно, но Црвените ѓаволи добија шанса да казнат од белата точка по преглед на снимка во ВАР-собата, па по истекот на 90-те минути, Фернандеш погоди за триумф на тимот на Солскјер.

На тој начин 20-кратниот англиски првак ја оствари четвртата последователна победа против Брајтон во лигашки рамки. Сега се игра за пласман во четвртфиналето од Лига купот, па можно е Солскјер да го комбинира составот со цел да ја одржи свежината кај играчите, додека пак домаќините со сите сили ќе сакаат да се одмазат за трагично загубениот бод во последното коло од Премиер лигата.

Предлог тип: 3+ (1.87)

- Оглас -

Најнови вести