Европскиот сон за пласман во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА за екипата на Струга заврши вечерва на Исланд. Шампионот на Македонија и вторпат е поразен од шампионот на Исланд, Брејдаблик, и повторно со минимални 1-0.
Се чини шансата за успех беше пропуштена на првиот натпревар во Охрид, кога Струга играше одлично, имаше многу шанси, но не успеваше да го најде патот до мрежата на Рибарите од Исланд.
Вечерва многу рано, уште во третата минута Струга прими погодок, што на крајот се покажа дека ќе биде и единствениот на мечот за голема радост во Копавагур и пласман на екипата на Брејдбалик во групната фаза од Конференциската лига.