Европското првенство и кошарката се главни во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Два кошаркарски натпревари и отворањето на Европското првенство во фудбалер се главни во Квотите на денот на Sport Life. Петтата предлог-квота е за мечот од аргентинското првенство. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.85.

Најголемата понудена квота, 2.85, е за кошаркарскиот натпревар помеѓу Алба Берлин и Баерн Минхен. Предлогот ќе биде добитен ако победата им припадна на гостите, но и ако на мечот бидат постигнати најмалку 154 поени.

И вториот предлог од Квотите на денот е за кошарка, овојпат за финалето од грчкото првенство. Квотата од 1.85 ќе биде добитна само ако Панатинаикос има предност на полувреме и на крајот го победи Олимпијакос.

За првиот натпревар од Европското првенство има два предлога. Првиот е со квота од 2.25, која ќе биде добитна само ако Германија победи во натпревар на којшто ќе бидат постигнати помеѓу три и пет гола.

Вториот предлог, со квота од 2.35, ќе биде добитен ако победи Германија, но и ако има најмалку два гола во второто полувреме.

Последниот предлог е за мечот помеѓу Бока и Велес Сарсфилд, а квотата од 2.40 ќе биде добитна ако гостите не успеат да победат и ако домашните постигнат најмалку два гола.

- Оглас -

Најнови вести