Ф1 шампионот го претстави новиот болид, медиумите го нарекоа „футуристички и контроверзен“ (Фото)

Актуелниот Формула 1 шампион, Реб бул рејсинг, е последната екипа која го претстави својот болид за новата сезона. Иако минатата сезона доминантно стигнаа до титулите и кај возачите и кај конструкторите, сепак тој болид оди во историјата, а на сцена ќе стапи новиот РБ20.

Медиумите и познавачите на овој спорт новиот болид го отценија како „контроверзен и футуристички“, пред сè поради неговиот изглед, но шампионот Макс Ферстапен не се согласува, но даде чудно мислење за новиот болид.

„Имавме одличен пакет, но сакаа да бидат иновативни и да го подобрат. Времето ќе покаже дали е навистина толку добар, но од она што го видов во екипата, сите се среќни за новиот производ. Бев изненаден бидејќи е прилично различен од претходно. Воопшто не беа конзервативни, но задоволен сум од насоката во која одиме. Ова е контролирана агресивност“, вели Ферстапен.

https://twitter.com/redbullracing/status/1758218082550444295?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1758218082550444295%7Ctwgr%5E536a850d1bf9b261dfd571a994153abc33728601%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fred-bull-predstavio-kontroverzni-novi-bolid-najfuturistickiji-u-formuli-1%2F2539064.aspx

- Оглас -

Најнови вести