Ф1 слави 70 години, фештата е на Силверстоун: Ќе пукаат ли пак гумите како минатата недела?

Формула 1 сезонава слави 70 години од постоењето, но за жал поради пандемијата со Коронавирусот, одбележувањето на јубилејот нема да биде на нивото на кое првично се планираше. Главната церемонија за прославата е денеска на патеката Силверстоун во Англија, каде ќе се води трката по повод седум децении од најбрзиот циркуз во светот.

На оваа патека пред само седум дена имаше трка која беше со неверојатно драматична завршница, а на крајот се радуваше Луис Хамилтон. Во речиси целата трка беше мирно, но во последните два круга се случуваше драма. Најпрво пукна левата предна гума на Валтери Ботас кој дотогаш беше второпласиран, но на крајот не освои поени. Во последниот круг истата драма ги дочека и КАрлос Саинц, но и водечкиот Луис Хамилтон. Саинц испадна од конкуренција за бодови, а Хамилтон без предна лева гума успеа да стигне прв до целта, возејќи така во последните два километри.

Возачите и механичарите веројатно ја научија лекцијата дека не треба да дозволат толку многу да се трошат гумите, за да нема ненадејни откажувања.

Мерцедес повторно доминираше во вчерашните квалификации, но овојпат на местото на Хамилтон, пол позицијата му припадна на неговиот тимски колега Ботас. Британецот е веднаш до најбрзиот. Ова е девети пат во низа на Силверстоун од пол позицијата да тргнува болид на Мерцедес. Од вториот ред ќе тргнат Хулкенберг и Верстапен, а потоа следуваат Рикиардо, Строл, Гасли, Леклер, Албон, Норис…

Трката ќе стартува во 15:10 часот, а секако за да биде повозбудливо обложете се во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести