ФА ќе се жали, казната од осум меча на Митровиќ е премала!

Фудбалската асоцијација на Англија најави дека ќе се жали на одлуката на Регулаторната комисија, која го казни Александар Митровиќ со осум меча суспензија. Голгетерот на Фулам оваа казна ја доби поради туркањето на судијата за време на мечот против Манчестер јунајтед во ФА купот.

Српскиот репрезентативец беше лут кога арбитерот досуди пенал за Манчестер јунајтед и потоа го турна, а во Англија е најстрого забрането играчите да нападнат судија. Подоцна Митровиќ се извини за својот неспортски потег, но тоа не го спаси од висока казна, која може да биде уште поголема.

- Оглас -

Најнови вести