ФА куп: Реприза од ланското финале, Челзи го пречекува Јунајтед

Дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед ќе биде најинтересниот дуел во петтото коло во ФА купот. Денешната ждрепка сакаше да ги спои минатогодишните финалисти во ова натпреварување, спектаклот ќе се одржи на „Стемфорд бриџ“ , додека сите мечеви ќе се одиграат од 15-ти до 18-ти февруари.

Челзи вчера се пласираше во петтото коло откако го совлада Шефилд вензди со 3-0, додека Манчестер јунајтед во саботата со 3-1 триумфираше над Арсенал на „Емирати“, а сега избраниците на Оле Гунар Солскјер повторно ќе патуваат за Лондон.

Ланското финале се одигра на 19-ти мај, кога на „Вембли“, Челзи славеше со минимални 1-0 над Јунајтед со погодокот на Еден Азар од белата точка.

Сите парови за петто коло ФА куп:

Челзи – Манчестер јунајтед

Мидлсбро/Њупорт каунти – Манчестер сити

Донкастер роверс – Кристал палас

Вимблдон – Милвол

Бристол сити – Шрусбери таун/Вулверхемптон

Свонси – Барнет/Брентфорд

Портсмут – КПР/Ватфорд

Брајтон/ВБА – Дерби каунти

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести