Фабијан Руиз е на слатки маки – Може да игра на Ел Класико, ама не знае за кого

Реал Мадрид прв тргна по одличниот шпански репрезентативец Фабијан Руиз, но сега има конкурент, и тоа вечниот ривал Барселона.

Руиз игра одлично во Наполи, стигна и до место во шпанската репрезентација, па за него се интересираат двата шпански гиганти и секој на свој начин има адути во понудата за Наполи.

Реал го нуди Лука Јовиќ и да доплати пари за да го ангажира 24-годишниот играч од средниот ред на Наполи, а Барса одговори со контранапад и сака трампа со Наполи, со понуда на „Сан Паоло“ да пристигне Иван Ракитиќ и плус одредена сума пари.

Во трка е и Манчестер сити, но голема пречка во целиот процес на заминување на Руиз од Наполи е првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис.

Тој истакна јасно дека цената за Руиз е 70 милиони евра, а отпаѓаат какви било понуди за размена на играчи барем не вакви како што нудат Реал и Барса.

Сепак, Руиз е блиску до позицијата да биде една од главните ѕвезди на следниот преоден рок, а како што стојат работите и според интересот на двата шпански гиганти, веројатно ќе го гледаме во некое од идните Ел Класико дерби-мечеви меѓу Реал и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести