Фабињо го продолжи договорот со Ливерпул

Ливерпул ја обнови соработката со Фабињо продолжувајќи му го договорот на бразилскиот играч за врска до јуни 2026 година.

Црвените активно работат на задржување на клучните играчи, претходно потпис на нов договор стави Трент Александер-Арнолд, а следен треба да биде голманот Алисон Бекер.

„Уште по првиот разговор кога се спомна обнова на соработката, се израдував, нема подобра опција за мене од тоа да продолжам да ги бранам боите на Ливерпул. Изминативе три сезони остваривме многу, но целта е да продолжиме да градиме нови успеси“, истакна Фабињо за официјалната клупска веб-страница.

Бразилецот во летото 2018 година пристигна на „Енфилд“ од редовите на Монако, одигра вкупно 122 меча досега во црвениот дрес освојувајќи титули во Лигата на шампионите, Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести