Фабио Кваљарела не ѝ беше доволен на Сампдорија против Лацио

Лацио како гостин ја победи Сампдорија со 2-1, и од втор план се вмешува во битката за место во Лигата на шампионите.

За ветеранот Фабио Кваљарела од Сампдорија кој е водечки стрелец сезонава во лигата, ова беше 150-ти гол во кариерата во Серија А, со што е најефикасен поединец меѓу активните фудбалери кои настапуваат во италијанскиот шампионат.

Головите за Лацио паднаа во првото полувреме, а двоен стрелец беше Фелипе Каиседо. Тој три кола по ред се запишува во листата на стрелци. Лацио имаше играч повеќе во целото второ полувреме, откако Рамирес доби два жолти, но и со човек помалку на терен, Сампдорија беше подобра во второто полувреме. Сепак, римјаните на крај освоија три бода, кои ги носат на седмо место, со само три бода помалку од четвртата Рома.

Сампдорија со 14-тиот пораз сезонава, си ги намали шансите за излез во Европа, но останува со теоретски шанси во последните четири кола сепак да се најде меѓу шесте најдобри во Италија.

- Оглас -

Најнови вести