Фабрегас: Во модерниот фудбал е сè околу ВАР и статистика, станавме роботи

Сеск Фабрегас во моментов настапува за Монако, но и полека но сигурно се подготвува за пензија.

Некогашниот играч на Арсенал, Челзи и Барселона имаше голем број на успеси низ кариерата, а во последното интервју на шпанска „Марка“ тој се осврна на денешниот фудбал.

„Сите гледаат статистика, бројки и ако тие не ги исполниш ти не си добар играч. Сè се врти околу ВАР, за тоа дали сме направиле грешка при гол, или пак колку сме истрчале, како сме се двжеле, а ако не сме добри, тоа ќе ни го посочат со ЏПС-навигација.

Станавме роботи и сè помалку има уживање во играта“ изјави меѓудругото Фабрегас за „Марка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести