Фахрудин Ѓурѓевиќ со два гола се потпиша на подвигот на Влазнија (Видео)

Фахрудин Ѓурѓевиќ блескаше вечерва на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар и со два гола е најзаслужен за подвигот на Влазнија и пласманот во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Албанскиот тим имаше негатива од 1:3 по првиот меч и се мачеше во првото полувреме во реваншот, но потоа на сцена стапи поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Популарниот Фако погоди веднаш на стартот од второто полувреме, во 46-тата минута, и му ги врати надежите на домаќинот дека може да приреди подвиг. Првиот гол на Ѓурѓевиќ можете да го погледнете ОВДЕ.

Во 62-рата минута, Ени Имами постигна нов гол за Влазнија, за израмнување во вкупен резултат на 3:3, а потоа повторно блесна македонскиот интернационалец со гол вреден пласман во втората рунда квалификации за настап во новото натпреварување на УЕФА.

Во 79-тата минута Ѓурѓевич го постигна и вториот свој гол, трет на мечот за Влазнија, со кој е елиминиран претставникот на Босна и Херцеговина.

Вториот погодок на македонскиот интернационалец во Влазнија можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести