Фајналфорот во ракометниот куп на Македонија ќе се игра на неутрален терен

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одлучи завршниот турнир на Купот на Македонија за мажи и жени да се игра во салата „Парк“ во Струмица од 17 до 19 април.

Сите учесници на фајналфорот за мажи (Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид) посакуваа во нивна сала да се игра, сепак РФМ одлучи битката за трофејот да се води на неутрален терен.

УО на РФМ донесе одлука и машката сениорска репрезентација да добие премија од 2 милиони денари како награда за настапот на ЕП 2026, а беше верификуван и новиот тригодишен договор со селекторот Кирил Лазаров.

 

- Оглас -

Најнови вести