Фајнл форот на СЕХА-лигата повторно во Брест

Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА-лигата во Брест откако денес беше одлучено фајнл форот за оваа сезона повторно да се игра во белорускиот град. „Црвено-белите“ во 2017 година во овој град по третпат ја освоија титулата од регионалното натпреварување, а по една година пауза, најдобрите четири екипи повторно ќе патуваат во Белорусија.

Осмото издание на Ф4 турнирот ќе се одржи од втори до четврти април, а, нормално, ќе биде во организација на ракометниот клуб Мешков Брест, додека разбирливо ќе учествува бранителот Вардар, како и двата хрватски претставници ППД Загреб и Нексе.

„Наше задоволство е што турнирот фајнл фор повторно ќе биде во заемна организација со Мешков Брест и сигурни сме дека овој турнир уште еднаш ќе биде незаборавно искуство за клубот, за градот Брест, но и за љубителите на ракометот во Белорусија. Мешков е редовен учесник на завршниот турнир и тие заслужија уште еднаш да го вдомат најдоброто од регионалниот ракомет“, истакна директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести